Warning: Error while sending QUERY packet. PID=31519 in /home/ekran/public_html/wp-includes/wp-db.php on line 1924

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /home/ekran/public_html/wp-includes/wp-db.php:1924) in /home/ekran/public_html/wp-content/plugins/smart-scroll-posts/smart-scroll-posts.php on line 70

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /home/ekran/public_html/wp-includes/wp-db.php:1924) in /home/ekran/public_html/wp-content/plugins/smart-scroll-posts/smart-scroll-posts.php on line 70

Warning: Error while sending QUERY packet. PID=31519 in /home/ekran/public_html/wp-includes/wp-db.php on line 1924
Донација на Македонски Телеком и Град Скопје за детската болница - Козле » ekran

Донација на Македонски Телеком и Град Скопје за детската болница – Козле

Донирани медицински апарати во вредност од 10 000 евра
Донацијата е реализирана со пренамена на средствата планирани за дочекот на Нова година

Македонски Телеком и Град Скопје, денес ја предадоа донацијата од два медицински апарати на Инситутот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Донацијата е реализирана со пренамена на средствата кои беа планирани за прославата за Нова година и е во износ од 10 000 евра.

„Донесовме правилна одлука, заедно со Градот Скопје – да ги пренамениме средствата планирани за прославата, за донација на медицински апарати, со кои ќе се подобри здравјето и квалитетот на живот на децата. Го избравме Козле, зошто е единствена институција од ваков тип во земјата, каде дневно се прегледуваат над 200 деца, од најрана возраст” – изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

„Здравјето на нашите деца без исклучок е на врвот на приоритетите на Град Скопје. Ја користиме секоја прилика безусловно да придонесеме за унапредување на квалитетот на животот на најмладите. Затоа одговорно ја користиме секоја ситуација која е во интерес на детското здравје” – изјави Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.
Донацијата ја прими медицинскиот директор д-р Ангелчо Андоновски, кој се заблагодари и истакна дека со апаратите ќе се подобри дијагностиката, ќе се намали времето на чекање и ќе се овозможи терапија за поголем број на пациенти.
Болницата за белодробни заболувања кај децата – Козле е водечки Институт во нашата земја, но и регионот за комплексни респираторни заболувања кај децата. Целта на Институтот е да обезбеди целосна педијатриска нега на пациентите. Институтот годишно згрижува 39.000 деца, од кои 4.000 се хоспитализираат, а 35.000 се лекуваат амбулантски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Симон Трпчески во „тимот од соништата“: Комплименти за македонскиот виртуоз!

Македонскиот пијанист во салата на филхармонијата во Луверпул имаше концерт на кој диригент беше Василиј …