(ФОТО) Синот на Брена открива тајна која ја криел 18. години: Вистината за неговото киднапирање!

Стефан Живојиновиќ (25) одлучил вистината за своето киднапирање да ја открие во документарен филм. Постариот син на Лепа Брена решил, како и мајка му, која неодамна го објавила филмот „Годините на Слатки грех“, да сними слично остварување.
Меѓутоа, за разлика од најголемата балканска ѕвезда, која во својот проект говорела за кариерата, Стефан акцентот ќе го стави на најтрауматичниот период на својот живот кој се случил во 2000 година.
„Бидејќи одлучив да се бавам со јавна работа, сакам на народот да му покажам кој сум всушност јас. Во почетокот мама и тато не беа за снимање на тој филм, бидејќи им отвора стари рани, но ги убедив. Има многу нешта за киднапирањето што ниту јас ниту моите родители не ги говореа јавно. Ќе раскажеме апсолутно се’ – кога и како тоа се случило“ вели Стефан за српски Курир.
Живојиноновиќ тврди дека филмот не го снима за да предизвика сожалување.
„Никогаш не сакав, ниту пак сега сакам било кој да ме сожалува поради тоа што на луѓето им се случувале и полоши работи отколку мене. Јас поминав одлично со оглед на тоа што се’ можеше да ми се случи.Благодарен сум му на Господ за тоа. Иако имав само осум години, кога тоа ми се случи, тоа ќе остане запечатено за цел живот. Тоа не може да се опише со зборови. Поради тоа ќе направиме реконструкција на киднапирањето, ќе ангажираме некои глумци“, вели Стефан.
Живојиновиќ истакнува дека долго ги трпел последиците на киднапирањето.
„Ми се случуваше да се плашам да останам сам или да одам некаде, но како дете го надминав тоа. Пресеков и сфатив дека нема да си дозволам себе да се тресам и трауматизирам. Тоа не е живот и јас не сакав така да живеам.Моето мото е – Одиме понатаму! Токму тоа сакам да го објасанм во филмот. Покрај тоа, моите родители не сакаа од мене да направат дебил и да ме држат под стаклено ѕвоно. Сакав слобода, малку по малку и се навикнав. Добив втора шанса за живот и сега ми е ОК. Некои рани се неизлечиви, но одам напред!“, порачува Стефан Живојиновиќ кој успешно гради музичка кариера снимајќи три хита и песна за популарната серија „Убијците на мојот татко“.

Киднаперите барале 2,5 милиони марки
Стефан Живојиновиќ е киднапиран во 2000. година на 50. метри долгиот пат од просториите на „Гранд продукција“ до семејната куќа на Бежаниска коса. Таа вечер тој со татко му Боба, Саша Поповиќ и Харис Џиновиќ бил во „Гранд“. Околу 19. часот Стефан сам тргнал дома и на улица го запреле киднаперите и го одвеле во непознат правец.
-Грабнувачите на родителите им јавиле, инсистирајќи, како замена за Стефан да исплатат 2,5 милиони марки, како и за киднапирањето да не ги известат полицијата и јавноста, и дека синот, доколку го исполнат тоа, ќе им го вратат во недела
– На прославениот тенисер наводно, киднаперите, му испратиле пакет во кој се наоѓала картичка со број на мобилен телефон преку кој тие ќе контактираат со него. Брена и Боба ги испочитувале сите барања на грабнувачите.
– Неколку дена немале никаква информација за Стефан, додека бројни пријатели им помогнале и им нуделе пари за откупувањето на Стефан. Во вторникот навечер, Стефан, жив и здрав им бил вратен на родителите.

Брена во шок
Не заслужив да бидам така грубо казнета!
Лепа Брена не зборува многу за киднапирањето на синот Стефан, но смета дека не заслужила нешто такво да и се случи во земјата во која живее.
„Најтешка и најболна работа која ми се случила во животот на прво место е киднапирањето на мојот син Стефан, која во оваа земја никогаш нема да биде откриена. Како родител бев казнета. Не верував дека во една земја која најмногу ја сакав, во која пеев и во која доживеав најголема слава ќе доживеам ткво нешто. Не заслужив да бидам така грубо казнета“ рекла Лепа Брена за киднапирањето на синот Стефан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО Галерија) Неверојатна приказна: Била во врска со ученик (12), завршила во затвор, па му родила деца…И’, уште се заедно!

Мери Кеј Летурно била наставничка во шесто оделение во Сиетл кога е уапсена поради силување …