(ФОТО) Мафин крофни: Брза и вкусна посластица без пржење

Сите знаеме дека правењето крофни дома е доста тешко и освен ако немаме цел викенд за подготовка, тогаш е време за нешто ново и поинакво – мафини кои имаат вкус на крофни и не се пржат…
Состојки:
125 г маргарин
120 г шеќер
2 јајца
1 лажичка екстракт од ванила
400 г брашно
2 лажички прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
малку сол (помеѓу прсти)
500 мл млеко
рендано морско оревче
Глазура:
100 г шеќер
2 лажички цимет
100 г маргарин
Подготовка: загрејте ја рерната на 250. степени. Со маргарин лесно намачкајте го калапот за мафини.
Со миксер изматете ги маргаринот и шеќерот, додајте ги јајцата, едно по едно, а потоа ванилата. Во друг сад измешајте ги брашното, печивото, сода бикарбоната, сол и малку рендано морско оревче.Во смесата со маргарин додајте половина до брашното, измешајте па истурете половина од млекото.Повторно брашно и на крај млеко, се’ мешајте убаво.
Тестото распоредете го во калапот за мафини. Печете околу 20 минути. Оставете мафин крофните да се изладат а потоа извадете ги од калапот.
За глазурата истопете го маргаринот. Во еден сад измешајте ги шеќерот и циметот. Секоја мафин крофна натопувајте ја во маргаринот а потои и во шеќерот со цимет.

loading...

Видете следно

(ФОТО ГАЛЕРИИ) Сите сакаат да ја копираат: Откриваме зошто Меган Маркле е новата модна икона!

Откако е објавено дека убавата Американка Меган Маркле ќе стане сопруга на принцот Хари, модниот …