(ФОТО) Лажна баклава: Добро познат вкус, но готова за половина час!

Кога ќе посакате баклава, а сите знаеме дека за неа треба малку повеќе време и материјал, тогаш направете го овој колач, по вкус како да јадете баклава, готов е за 30. минути.
Состојки:
4 јајца
2 шољи (од по 200 мл) шеќер
1 шоља масло
1 шоља млеко
1 шоља гриз
1 шоља остро брашно
2 шољи мелени ореви
Прелив:
500 мл вода
2 шољи шеќер
Подготовка:пенесто изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте ги останатите состојки. Истурете во тава намачкана со масло и наросена со брашно и печете околу половина час.Врелиот колач полијте го со преливот кој треба да се направи откако ќе се остави водата да проврие со шеќерот и потоа да врие додека шеќерот не се истопи.
Наросете со мелени ореви или по желба украсете со половинки ореви.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Неколку совети за ефикасно чистење на Вашиот дом

Повеќето луѓе веруваат дека домашната организација и чистење се меѓу првите пет причини за создавање …