(ФОТО) Бобан Цаневски сними спот за баладата „Љубов забранета“

Фолк пејачот Бобан Цаневски, деновиве сними спот за баладата „Љубов забранета“, а промоцијата се очекува наскоро.
„Спотот се снимаше во соработка со „Арт продукција“, во еден скопски клуб, со повеќемина мои колеги и соработници, на кои сум им премногу благодарен. Снимањето траеше цел ден, а готовиот производ се надевам дека ќе им се допадне на љубителите на убавата македонска песна“, вели Бобан.
Првата песна за оваа година на Бобан е авторско дело на неговиот колега Цуле, кој го напиша текстот и ја направи музиката за истата.
За потсетување, пред една сезона, Бобан имаше успешно преставување и на сцената на Гранд продукција, како дел од шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

loading...

Видете следно

Каролина Гочева со фантастичен настап синоќа во МОБ ја освои македонската публика

Каролина Гочева, синоќа, имаше фантастичен настап  на нејзиниот прв концерт во Македонската опера и балет. …