(ФОТО) „Басбоуса“: Неверојатен египетски колач кој морате да го пробате!

„Басбоуса“ е традиционлен колач од Блискиот исток. Се прави од гриз и кокос и се полива со сладок сируп. Ако сте љубител на баклави, тулумби и кадаиф, ова ќе биде ваш омилен десерт.
Состојки:
1 шоља шеќер
1 шоља бршно
1 шоља кокосово брашно
1 шоља масло
1 шоља млеко или јогурт
1 шоља гриз
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за печиво
3 јајца
Сируп:
2 шоља шеќер
1 шоља вода
2 лажици сок од лимон, портокал, или ружина водичка
Шољата е од стандардните од 250 мл.
Подготовка:изматете ги јајцата со шеќерот и додајте ги останатите состојки. Истурете во плех покриен со хартија за печење. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 30. минути.
Во меѓувреме сварете го сирупот од шеќерот и водата, додека не почне да врие додајте сок од лимон и варете уште 1 – 2 минути.
Топлиот колач полијте го со сирупот и оставете убаво да се излади.Сечете на коцки.
По колачот можете да распоредите и’ цели или мелени бадеми или ореви.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Добро отворете ги очите: Овие седум работи зрелиот маж никогаш не би требало да ги направи!

Многу односи престануваат поради разлика во нивото на зрелост. Еден партнер можеби планира за иднина, …