(ВИДЕО+ФОТО) Бандерас во серијата „Генијот Пикасо“

Шпанскиот актер Антонио Бандерас ќе го толкува ликот на славниот сликар Пабло Пикасо во серијата „Генијот Пикасо“ но и’ во филмот „Герника 33 дена“.

И’ двајцата се родени во Малага и Бандерас во детството секое утро кога одел на училиште, поминувал покрај родната куќа на Пикасо, но не сакал да го глуми на филм бидејќи сметал дека јавноста многу ќе го критикува.
По неколку години убедување Бандерас се согласил да го глуми Пикасо во ТВ-серијата од десет епизоди „Генијот Пикасо“ во режија на оскаровецот Рон Хауард, како и во филмот за антивоеното ремек-дело „Герника 33 дена“, што ќе го режира Карлос Саура.

Бандерас за АФП раскажува дека кога се преселил во Лос Анџелес, ја запознал ќерката на Пикасо.
„Почнав да зборувам на шпански со неа и по некое време, таа ги затвори очите и си помислив: ‘О, Боже, јас сум и’ здодевен на женава’. Ја прашав дали е уморна, а таа рече: ‘Не, воопшто не. Кога ги затворам очите, можам да го видам татко ми бидејќи зборуваш со истиот акцент како и тој. Татко ми зборуваше како тебе’“, вели актерот.
Бандерас мора секој ден да помина пет часа во шминкање за да изгледа како Пикасо во поодминати години.

Поради улогата на Пикасо, Бандерс се согласил на трансформација поради која, како што вели, не го препознавааат во родната Шпанија.
„Неодамна се појавија фотографии од снимањето на серијта на луѓето на улица почнуваат да се двоумат дали сум тоа јас или не. Но, до пред неколку ден без проблем можев да шетам по соседството, а никој да не ме препознае. Признавам дека ми се допаѓаше тоа чувство на анонимност, па можеби ќе ја задржам оваа фризура по завршувањето на серијата“ се пошегувал Бандерас.

Покрај Бандерас, кој ќе го оживее Пикасо во зрелото доба, во улогата на младиот шпански уметник ќе се обиде Алекс Рич („Вистински детектив“).
Серијата, во 10 продолженија ќе почне да се емитува на 23. април во Франција, а во САД еден ден подоцна.
Серијата, на наши простори ќе може да се следи од 24. април на каналот „Национална географија“.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Водителка родила во живо во утринска емисија

Кесиди Проктор, водителка на радиската емисија „Spencer’s Neighbourhood” одлучила да роди во текот на емисијата …