(ФОТО) Вака се одгледуваат ќерки: Изјава на Ангелина Џоли која го заслужува вниманието на родителите

Ангелина Џоли не може да им одбие ниту една желба на своите деца, но сепак ги учи својата добра среќа да ја делат со другите и да се борат за работите кои им се важни.
Познатата глумица е мајка на шест деца, од што три ќерки: Захара (12), Шилох (11) и Вивиен (9). Во отворен разговор за американскиот магазин Elle, од март 2018. убавата глумица открива како ги воспитува своите миленички.
„На моите ќерки им реков – она што ве одвојувате вашата желба да им помогнете на другите. Секоја може да облече фустан и да стави шминка, но вашиот ум е она што ве дефинира“, рекла Џоли.
Од порано е познато дека славната хуманитарка не може да одбие ниту едно барање на своите деца, но настојува да ги научи да не бидат личности кои само земаат туку и да придонесуваат за заедницата.
„Им реков да сознаат кои се, како размислуаваат и за што се залагаат. Исто така да се борат и други да ја имаат таа особина. Да им се биде на услуга на другите е живот кој вреди да се живее“, додала глумицата.
Одлучила овие лекции да ги покаже и на сопствен пример.
Ангелина Џоли е успешна глумица и режисерка со долгогодишна кариера, како и сопственичка на Оскар за споредна улога во филмот „Прекината младост“ на режисерот Џејмс Манголд. Сепак, својата вистинска страст ја открила во 2001. година кога за време на снимањето на филмот „Томб Рајдер“ ја посетила Камбоџа.
Тешката ситуација со бегалците во оваа азиска земја ја натерала на хуманитарна работа. Наскоро станала висока амбасадорка на Обединетите народи за бегалци, а во 2012. година станала коосновачка на Иницијатива за превенција на сексуалното насилство во воените ситуации.
Оваа активистка за човекови права патува по светот и ги запознава политичките водачи со својата мисија за забрана на користење на сексуалното злоставување како оружје во војната. За потресните сведоштва на злоставувните жени ширум светот зборувала и на конференцијата на ОН – Peacekeeping Defense Ministerial во Ванкувер.

loading...

Видете следно

SKOPJE CALLING 2018: Доаѓаат „TEXAS“ – со сите нивни хитови!

„Авалон“ со големо задоволство најавува дека после долги години обидување, конечно една од најголемите британски …