(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Нов Хефнер: „Тешко ми е, секоја вечер спијам со четири девојки!“

Нема ограничувања – Богаташот живее во вилата „Candy shop“ со сопругата и двете ќерки, а со нив секојдневно се и’ бројни разголени девојки. Вели дека е заштитник на своето семејство!
„Јас сум мешавина на Големиот Гетсби, Хју Хефнер, Волкот од Вол Стрит и Тони Старк кој има вкус и стил и носи костуми на Версаче. Можам лесно да се претворам и во фиктивниот лик Вили Вонк“ се опишува себе бизнисменот Треверс Бејнон (46). Живее во крајбрежниот австралиски град Голд Коаст во голема вила која е позната како „Candy shop“, а во неа постојано е окружен со голи жени.
Бејнон од родителите наследил вносен бизнис со цигари чија вредност се проценува на повеќе од 55. милиони долари и своето богатство главно го троши на „раскалашни“ забави. Австралијанецот е во брак со Таша Бејнон (27) и имаат две ќерки а сите живеат заедно со бројни, други, жени.
„Нашиот брак функционира многу добро бидејќи имаме толку многу заедничко. И двајцата сакаме секси девојки. Кога си слободен да се биде „плејбој“ е лесно, пробајте“, рекол бизнисменот кој со првата сопруга, манекенката Леал ги има синот Валентин и ќерката Лусиана. Но, таа сепак не можела долго да го трпи неговиот стил на живот.
На Таша не и пречи да го дели сопругот со други жени. Треверс тврди дека е со него бидејќи забавата е заразна. Смета дека можеш да имаш автомобили, пари и друг луксуз но самото возбудување трае подолго.
„Среќна е со мене во оваа вила како и другите девојки“ рекол Треверс во интервју за австралискиот магазин Ocean Road. Таша вели дека секогаш постоеле бројни жени во животот на нејзиниот сопруг, а понекогаш доаѓаат во вилата и со нив живеат неколку недели и си заминуваат. Не и пречи што се фрлаат по него.
„Јас се омажив за него. Има многу девојки, но само една сопруга“ објаснила таа.
Бизнисменот истакнува дека му е најтешко навечер кога е време за спиење. Тогаш мора да се концентрира на повеќе жени, а не како мноштвото мажи само на една жена.
„Тие ја обожуваат мојата креативност и фантазија. Треба да се потрудите кога имате неколку девојки“ раскажал тој. Додал дека четири жени во креветот му се просек и се пожалил дека често не може да се наспие поради страствените игрички.
„Тука се мојата сопруга и децата“ истакнал Тревис и додал дека им е пример и дека ги штити и им овозможува се’ што им е потребно за живот. Не се обѕира на бројните критичари на неговиот стил на живот кои сметаат дека е одвратно и деградирачки што децата живеат со него во куќата и гледаат „развратност“. Бабата и дедото на Таша се очајни бидејќи не можат да дојдат до неа и правнуците.
„Сакаме да одиме таму, да ги грабнеме и извлечеме од вилата. Тоа што се одвива во таа куќа ги крши срцата. Треверс мисли дека сето тоа е смешно, но не е“ рекле Грахам и Евон Апелби. Не сфаќаат како некој може да се восхитува на таков стил на живот и да дозволи сето тоа да го проживуваат и децата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Оскаровецот признал дека повеќе не му е едноставно да слабее и да се здебелува,по 20. – 30. килограми,за улогите!

Глумецот Кристиан Беил за последната улога се здебелил дури 20. килограми. Во филмот „Vice“ го …