(ФОТО) Со воз низ облаци: Железница која се издига на 4220. метри

Рутата долга 217. километри првично е замислена како поврзница помеѓу северна Аргентина и Чиле, преку Андите, а ја дизајнирал американскиот инженер Ричард Маури во дваесеттите години на минатиот век…
Tren a las Nubes (Со воз низ облаци) е името на шестата највисока железница на светот која оди низ аргентинската провинција Салта. Легендата вели дека името го добила поради тоа што на некои делови се издигнува на висина од 4.220 метри, па ви се чини дека минувате биз облаци.
Други тврдат дека Tren a las Nubes е само добар маркетиншки трик на компанијата Ferrocarriles Argentinos за да привлече туристи. Тие така почнале да ја рекламираат железницата во седумдесеттите години на минатиот век, а името го позајмиле од група студенти кои десетина години порано го снимиле својот пат по неа.
Увидувајќи дека парната локомотива во комбинација со ладниот планински воздух создава облаци пареа околу возот, документарниот филм го нарекле Tren a las Nubes. Останатото, велат, е историја.
Рутата долга 217. километри првично е замислена како поврзница поеѓу северна Аргентина и Чиле, преку Андите, а ја дизајнирал американскиот инженер Ричард Маури во дваесеттите години на минатиот век.
Иако е изградена од потреба, денес е главно туристичка атракција со која се возат главно туристи. Поради тоа и не чуди што во возот можете да јадете, да се напиете пијалок, а дури има и простор во кој можете да добиете брза помош.
Минува низ 21. тунел, преку 29. мостови и 13. вијадукти. Од Салте вози секоја сабота во седум часот наутро, а возот на истото место се враќа на полноќ. Туристите главно букираат едносмерни билети, за патот кој трае осум часови, а во градот се враќаат на други начини.
Дефектите се чести, но несреќите се многу ретки. Познат е случајот од 2005. година кога возот застанал на висина од 3.500 метри, а сите патници требало да бидат евакуирани со помош на хелихоптер.

loading...

Видете следно

SKOPJE CALLING 2018: Доаѓаат „TEXAS“ – со сите нивни хитови!

„Авалон“ со големо задоволство најавува дека после долги години обидување, конечно една од најголемите британски …