(ВИДЕО) Ѓоковиќ го потсети Надал на епскиот меч во Мелбурн: „Не е чудно што сега сме на рехабилитација“

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал во овие моменти имаат третмани за залечување на своите повреди кои ги заработија на тенискиот грен слем кој се одигра во Австралија, а сега еден нивни епски дуел токму од „Род Лејвер“ арената му послужи на српскиот тенисер да испрати една интересна порака до својот голем ривал.
Ѓоковиќ и Надал одиграа незаборавно финале на Австралија Опен во 2012. година кое траеше 5. часа и 53. минути, а каква натчовечка сила употребија двајцата тенисери на споменатиот меч најдобро отслика тоа што и двајцата не можеа да стојат за време на церемонијата. Новак го доби тој меч победувајќи во петтиот сет со 7:5, а шест години по нивната беспоштедна битка на централниот терен, Ѓоковиќ му порача на Надал дека нивните повреди се производ на начинот на кој воопшто не се штедеа во минатото.
„Не е ни чудо што сега сме на рехабилитација“, – гласи објавата на Новак со која ја одбележа шестгодишнината од нивниот епски дуел.

No wonder we need rehab now 😂😂 @rafaelnadal 🎥 @espn

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

loading...

Видете следно

(ФОТО) Ева Лонгорија и’ во висока бременост ги засенила званиците на гала евент

На 43. годишната глумица Ева Лонгорија пред неколку месеци и се остварила големата животна желба …