(ФОТО) Рабин торта:Чоколадна фантазија од шест состојки

Пробајте, нема да се покаете!
Неверојатно едноставна вкусна и неодолива торта! Се прави од, на сите нам, омилени состојки така што со неа нема да згрешите. Идеална е за свечени пригоди, но и кога едноставно ќе посакате да си го разубавите денот.
Состојки:
12 јајца
400 г чоколадо
250 г шеќер
250 г мелени бисквити
350 г маргарин.путер
500 г шлаг
Подготовка:путерот на собна температура изматете го со шеќерот, потоа додајте ги жолчките, истопеното чоколадо и бисквитите. Посебно изматете ги белките и внимателно соединете со претходната смеса.
Добиената смеса поделете ја на два дела. Еден ставете во фрижидер (тоа е за фил) а од другиот испечете 3 – 4 кори во округол (со димензии од 22. см.) или правоголен плех. Тавата за течење најдобро е ако ја покриете со хартија за печење.Кората печете ја на 180. степени
Филување: кора – фил – кора – фил – кора – фил – кора – шлаг.
Украсете по желба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Неколку совети за ефикасно чистење на Вашиот дом

Повеќето луѓе веруваат дека домашната организација и чистење се меѓу првите пет причини за создавање …