Не ги мамат жените и се вистински „шмекери“: Еве зошто треба да бидете со маж кој е понизок од вас!

Мажите кои не се високи знаат да бидат многу шармантни и повеќе се трудат околу своите партнерки. Исто така, според некои истражувања, поверни им се на жените и имаат повеќе склоности кон семејниот живот…

Поподвижни се во креветот
Пониските мажи се поподвижни и енергични, а такви се и’ во креветот, а жените тоа и тоа како го сакаат. Биле проучувани сексуалните животи на хетеросексуалните мажи во постојани врски. Со секој сантиметар висина кој го немале се зголемувала нивната подвижност во креветот.

Поуспешни се во работата
Во животот не можеле да се прават важни со висината па многумина тоа го надоместиле со вложување голем труд во деловен успех. Пониските мажи често „пукаат“ од самодоверба и на жените им влеваат сигурност.

Многу се шармантни
Често имаат повеќе смисла за хумор од високите мажи кои неретко сметаат дека нивната висина е повеќе од доволна жените „да паѓат“ во несвест од воодушевување штом ги видат.

Поверни им се на жените
Според истражувањата на Универзитетот во Њујорк, пониските мажи се верни на своите жени, имаат повеќе склоности кон семејниот живот и не се разведуваат толку често како оние високите. Тие и’ подоцна стапуваат во брак.

Повеќе помагаат дома
За разлика од високите мажи, оние пониските повеќе време минуваат помагаќи и на својата партнерка во домашните работи. Според некои истражувања неделно чистат, готват и друго што треба дома еден час повеќе од високите.

Живеат подолго од високите
Истражување на 8.000 мажи покажало дека пониските мажи живеат просечно две години подолго од оние повисоките. Стручњаците се убедени дека нивните гени се заслужни за тоа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Отворена дванаесеттата Coca-Cola Активна зона: Кавадарци доби ново место за дружење и рекреација– донација од Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola

Кавадарци ја доби својата „Coca-Cola Активна зона“, а кавадарчани им се придружија на илјадниците граѓани …