(ФОТО) Ослабнете гледајќи ТВ: Овие 5. вежби правете ги секој ден додека седите! Гарантирано делуваат!

Наместо да се излежувате додека ја гледате омилената ТВ серија или филм, искористете го времето за неколку лесни и корисни вежби…
И’, додека на работа времето главно го минувате седејќи, дома тоа го правите доброволно, особено ако сте пред ТВ екранот, што ниту малку не е добро за вашето здравје.
Затоа, доколку немате справи за вежбање или тренажен велосипед од кој би можеле да ги гледате омилениот филм или серија, еве предлог како да гледате телевизија на малку поинаков начин и да го одржите телото во форма.

1. Вежбајте ги бицепсите и трицепсите седејќи на кауч
Земете тег од половина килограм и држејќи го во рака свиткувајте ја подлактицата. Направете ја вежбата колку повеќе можете и рацете ќе ви бидат благодарни. Ако немате малечки тегови, и’ шише од половина литар или литар ќе ви биде од полза.

2. Подигнувајте и спуштајте ги потколениците
Додека седите испружете ги потколениците кревајќи ги до висина на колената. Задржете ја ногата, малку, во таа положба, па вратете ја во првобитната. Вежбата повторете ја по 15. пати со секоја нога. Ако оваа вежба редовно ја правите, ќе ги зајакнете мускулите на нозете и ќе го намалите ризикот од повреда на коленото.

3. Стегнувајте и опуштајте ги мускулите
Можете да вежбате и без станување од каучот, а се’ што треба да направите е да ги стиснете мускулите на задникот или стомакот, задржете ги стегнати неколку секунди, па опуштете. Ова можете да го правите со сите мускули и додека сте на работа.

4. Искористете ги рекламите за тренинг
Ако за време на гледањето на ТВ програмата го вежбате само палецот со кој ги менувате каналите, губите драгоцено време. Штом ќе се појават рекламите, направете неколку клекнувања, вежби за стомачните мускули, или само кревајте ги и растегнувајте ги лигаментите.Важно е само да бидете активни и да ги забрзате отчукувањата на срцето.

5. Наместо на кауч, седнете на топка за вежбање
Ако седите барем половина час на топка за пилатес, ќе ги напрегнувате мускулите на нозете и стомакот. На почетокот само ќе се истегнувате, а подоцна направете и неколку вежби. Тоа нека ви премине во навика.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Пеп Гвардиола има колекција часовници вредни повеќе од 1.000.000 фунти!

Пеп е голем љубител на часовници, и тоа од оние најпознатите, па меѓу нив се …