Медицинска сестра (63) никогаш не била болна: Ова е тајната на луѓето кои се здрави како дрен, а се’ е многу едноставно!

Освен биолошките склоности, некои животни навики ја прават разликата помеѓу луѓето со слаб и јак имунитет…
Валери Пејџендарм е една од оние луѓе кои никогаш не се разболуваат, или, ако тоа веќе им се случи, поблаг облик од болеста ги погодува само неколку пати во животот. Повеќето луѓе знаат слично лице во својата средина или семејство кое се чини „здраво како дрен“.
„Јас сум медицинска сестра и секој ден сум изложена на болести, но никогаш не се разболувам. Моите пријатели ми завидуваат, но јас понекогаш сонувам за некој ден боледување“ вели 63. годишната Валери. Таа не знае што е одговор за нејзиниот јак имунитет, но научниците сега откриле која е тајната на луѓето токму како неа, пишува НБЦ.
Во интригантно истражување тие успеале да изолираат билошки маркер за кој се чини дека може да биде показател на тоа кои луѓе се чувствителни на зарази од најчестите облици на болест – настинка и вирози.
„Тој маркер е многу стабилен показател на нечиј имунитет уште од младешките денови, таму некаде од 18. години па понатаму“ објаснува водачот на студијата, Шелдон Коен. Во неа, испитаниците, пред да бидат изложени на вируси, дале примероци крв на испитување, па кај оние „поотпорните“ била забележана разлика во теломерите.
Значи, ако сте вие еден од тие среќници, веројатно е дека имате некој сличен маркер на имунитет.
Тајни на супер имунитетот
Освен тоа научниците прегледале низа истражувања на темата имунитет и откриле дека дефинитивно постојат навики кои го зголемуваат, односно поединецот го прават поотпорен на болсти.
Ова се некои од нив:
– имаат редовна хигиенска навика на миење раце
– редовно вежбаат и се движат
– добро го поднесуваат стресот
– спијат најмалку 7. часови дневно
– јадат разновидна храна
– не внимаваат во смисла на претерување (не одбегнуваат ладни пијалоци, промени на температура)
– редовно се дружат со други луѓе
– внесуваат храна богата со витаминот Б или земаат додаток на тој витамин
– јадат добро зачинета храна
– умерено пијат алкохол
– се тушираат со млака/ладна вода

loading...

Видете следно

(ФОТО) Трудната Криси Тајген „нафрлила“ длабоко деколте – проблемите дошле подоцна!

Манекенката Криси Тајген, сопругата на Џон Леџенд, е снимена за време на шопинг во Њујорк …