(ФОТО) Ослободете се од проблематичните петици со лимон!

Проблемот со испукани петици може да биде многу непријатен и болен. Ако не сакате да трошите пари на креми и препарати, ова е вистинскиот начин за вас – како да се ослободите од тој проблем.
Зимата може да биде многу лоша за нозете, бидејќи петиците испукуваат, кожата станува сува и груба, посебно кога ќе дојде лето, а вие сте приморани да носите летни обувки. Тогаш сите се прашуваат како да го решат тој проблем, а да не мора да ги криете стапалата.

Дали треба да одите во козметички салон или пак да се обидете сами, дома, да направите лек? Дали е возможно вашите стапала да изгледаат меко и здраво, без трошење пари на скапи препарати?
Ако ве мачи ова прашање, имаме решение за вас. Ова ќе стави точка на сите ваши проблеми и за кусо време ќе ви го даде саканиот изглед.Бидејќи лекот ви е на дофат на рака и го има скоро во секое домаќинство – лимон!
Потребно е само да земете еден свеж лимон бидејќи тој е извонреден лек за испуканите петици и грубата кожа а од друга стран е најлесен и најздрав третман..
Изберете лимон кој е доволно голем да може да ја прекрие целата пета. Исечете го лимонот на половина, исцедете го сокот и оставете ја само кората со малку пулпа, како кога цедите сок за лимонада.
Потрудете се половинката лимон (кората) да биде поставена така да ја прекрива петата, облечете чорапа и тоа е тоа.
Можеби во почетокот ќе ви биде необично, но ќе се навикнете. Корката од лимон оставете ја да стои најмалку еден час, или најдобро преку ноќ. Наутро измијте ја ногата и ставете хидратантен крем или млеко за тело.
После неколку третмани кожата на петицата ќе стане мека и мазна Но, за многу испукани петици можеби ќе бидат потребни и 10. дена. Погледнете подолу на фотографијата како петата се менува за 5. и 10 дена.

Испробајте дома и заштедете пари, наместо скапи педикири и производи за нега на стапалата, бидејќи ова е наједноствно и најефикасно решение.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО Галерија) Неверојатна приказна: Била во врска со ученик (12), завршила во затвор, па му родила деца…И’, уште се заедно!

Мери Кеј Летурно била наставничка во шесто оделение во Сиетл кога е уапсена поради силување …