(ФОТО) Трамп и платил на порно ѕвезда да молчи за нивната афера, но тоа не е најлош дел од приказната

Адвокатот на Доналд Трамп еден месец пред изборите во 2016. година на порно ѕвезда и платил 130. илјади долари за молчење за наводната афера која ја имала со идниот претседател, пишува The Wall Street Journal.
Мајкл Коен, долгогодишен адвокат на на организацијата на Трамп се договорил со адвокатот на Стефани Клифорд, попозната под уметничкото име Stormy Daniels.
Клифорд тврди дека се „сплеткале“ во јули 2006. година, откако се запознале на забавата за славни на голф турнирот. Она што е полошо, тоа било една година откако Трамп се оженил со Меланија, својата трета сопруга.

„Тоа се стари и рециклирани известувања кои се објавени и одлучно демантирани пред изборите“ рекол гласноговорникот на Белата куќа. На прашањето за наводен договор со Клифорд, која глумела во повеќе од 150. порно филмови, од кои еден бил „Good Will Humping“ не сакал да одговори.
„Претседателот Трамп уште еднаш ги негира таквите случувања, како и госпоѓа Даниелс“ рекол Коен, кој исто така не сакал да каже ништо повеќе.

Трамп досега повеќето жени кои го осудиле за сексуално злоставување ги нарекол лажливки. Но, Коен на Wall Street Journal му испратил и кус изјава кој ја потпишала Stormy Daniels во која негира дека имала „сексуална или романтична афера“ со Доналд Трамп.

„Гласините дека сум примила мито од Трамп за да молчам се потполно погрешни“ пишувало во изјавата.
Извор за Wall Street Journal пак тврди дека исплатата одел преку адвокатот на порно дивата, Кејт Дејвидсон, а парите „легнале“ на сметка на „клиент на кој му верува“ во банка во Лос Ангелес.

#StormyDaniels

A post shared by cris tian (@son_of_a_barbie) on

Уште една порно ѕвезда, Џесика Дрејк, го обвинила Трамп за вознемирување. Таа тврди дека Доналд Трамп неа и уште две жени ги бакнал без нивна согласност, на истиот голф евент таа 2006. година. Таа изјавила дека не добила пари, ниту пак барала.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Чудна ситуација – Инцидент кој го обиколил светот: Ова ретко се гледа во фудбалот!

На натпревар на втората унгарска лига дури тројца фудбалери на „Гиори“ во завршницата на натпреварот …