(ФОТО) Топ 5. модели на панталони за 2018: Практични, за секоја пригода!

Апсолутни хитови на сезоната
Панталоните се парче во гардеробата кој е одлично за сите пригоди. Во нив, повеќето жени се чувствуваат комотни, удобно и прекрасно во својата кожа. Ако изберете добри панталони, можете да ги носите во разни пригоди – од неформални прошетки, но и во многу елегентни ситуации. Добар избор на панталони го подразбира најновиот тренд, прилагодливост на различни стилови, квалитет и пристапна цена. Погледнете ги одличните предлози со кои нема да згрешите и кои морате да ги имате во вашиот орман.

Металик хеланките се апосолутен хит
Многу се удобни и ефектни.Можете да ги комбинирате со голема маица и патики или со туника и чизми на штикли.

Овие урбани панталони се доволно модерни за било кои дневни комбинации, доволно удобни никогаш да не посакате да ги соблечете.

Тесни панталони од квалитетна италијанска мат еко-кожа со патенти на дното на ногавиците и богати со златен метален патент одзади се вистински избор за свечени пригоди.

Воениот фазон не излегува од мода. Многу трактивни и интересни тесни „military“ фармерки со џебови на бутините и тесни штепови. Имаат куси метални патенти на надворешната страна на ногавиците.

Baggy фармерките се вистински хит оваа сезона. Ова се многу интересни baggy фармерки со малку ликра. Имаат модерни трегери кои лесно се симнуваат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Меланија Трамп покажала два стајлинзи во еден ден: Најважни се деталите

Убавата прва дама, Меланија Трамп,ја продолжува својата победничка модна низа, а после преубавиот фустан на …