(ФОТО) Популарната пејачка обвинува и открива кој го киднапирал синот на Лепа Брена!

Јелена Карлеуша на Твитер упатила сериозни тврдења против својата колешка, Цеца Ражњатовиќ, со која не е во добри односи веќе 20. години.
Карлеуша ја обвинила Цеца дека била во блиски односи со криминалците кои во 2000. година го киднапирале Стефан, синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.
Документарниот филм „Годините на Слатки грех“ ги воодушевил сите почитувачи на ѕвездата на Балканот. Филмот и се допаднал и на Карлеуша, но не и се допаднало што во третото продолжување ја видела својата најголема ривалка, Цеца.
„Колку си ти Брено толерантна жена…Кумот на Цеца, Легија и нејзините најблиски пријатели Шиптар и кланот ти го киднапираат детето, а ти ја ставаш во документарец. На твое место таа мене би ми се појавила само во „Се гледаме во Тажен помен““ напишла Јелена Крлеуша на својот профил на Твитер.

Инаку, постариот син на Лепа Брена и Слободан Живојиновиќ, Стефан, е киднапиран во 2000. година, а медиумите тогаш пренесувале дека важна улога во преговорите со киднаперите на синот на Брена, одиграл Легија, бивш командант во МВР и кум на Цеца. Се шпекулирало дека Улемек им ги предал парите на грабнувачите, меѓутоа, неговата улога и врска со киднапирањето на тогаш осумгодишниот Стефан никогаш официјално не било потврдено.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Исчезнало младо момче од Скопје – се бара помош од граѓаните!

Исчезнало момче од Скопје – ако го видите помогнете во неговото наоѓање… Исчезнато е 20-годишно …