(ФОТО) Ова и го променило животот на Меган Маркле: „Не бев ниту доволно слаба, ниту убава!“

Иако името на Меган Маркле одамна не е непознаница, посебно во актерските кругови, се свршувачката со британскиот престолонаследник Хари се здобила со слава ширум светот.Но, којзнае дали било што од сето тоа би се случило ако пред неколку години не го послушала советот на легендарната кастинг менаџерка Ејприл Вебстер…
Меган Маркле се родила во Лос Ангелес и цел живот сонувала за успешна кариера на глумица, но и требало многу време тоа и’ да и се исполни.
Во едно интервју пред две години открила дека често и говореле, кога ја одбивале за улога, дека е или „преубава“ или „недоволно убава“, дека е „премногу слаба“ или „недоволно слаба“. Токму средбата со Ејприл Вебстер, добро познато име во Холивуд, подоцна и отворило многу врати.
„Многу сакав да си пронајдам своето место во индустријата која всушност те набљудува критички и ги извлекува сите твои мани и недостатоци на површина. Никогаш не сум била доволно убава, доволно слаба, им пречеше бојата на мојата кожа,а веќе утредента бев премногу слаба, преубава и со премногу темен тен“.
Во своите рани дваесетти години многу се трудела да постигне совршена формула за успех во Холивуд, каде изгледот е секогаш најважен. Разговорот со Ејприл Вебстер и ги отворил очите после што конечно станала она што е.
„Никогаш порано ја немав запознаено, а потоа на половина сцена на мојата прва аудиција кај неа ме запре на половина сцена и едноставно ми кажа – мораш да знаеш дека си добра онаква каква што си. Останав без зборови. Никој порано ме немаше така доживеано, ниту ми рекол такво нешто, и тогаш во таа собичка во Бурбанк – и тоа жената која никогаш порано ме немаше видено, ми ги отвори очите. Мојата прва реакција беше насмевка.Почнав да се смеам бидејќи тоа беше единствениот начин да ги запрам солзите во очите. Таа е првата која ме виде таква каква што сум, зад дебелиот слој шминка, вештачки тен и нагласен руж. Ми рече – помалку шминка, повеќе Меган“.
Како што дополнително објаснила, токму Ејприл Вебстер ја видела нејзината несигурност која се обидувала да ја скрие.
„Во тој момент токму тоа беше она што ме разбуди“.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Пејачката оди зад решетки: Поради експлицитни кадрови во спотот осудена на две години затвор!

Шаима Ахмед оди зад решетки. Поради спорните кадрови судот одлучил да ја лиши од слобода …